• Нашите ученици денес беа дел од прекрасната спортска атмосфера по повод стартот на „Плазма – Спортските игри за млади“ во Македонија. 🇲🇰🔥

     

    Со многу енергија, насмевки и вистински спортски дух, учениците учествуваа на свеченото отворање кое се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје. 👏

     

    Оваа манифестација претставува значаен настан кој ги промовира спортските вредности, тимската работа, пријателството и здравиот начин на живот кај младите.

     

    ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ со гордост ги поддржува ваквите активности, кои им овозможуваат на учениците да бидат дел од позитивни спортски настани и да стекнуваат нови искуства, дружења и мотивација за понатамошни успеси. 💪🏅

     

    #СпортскиИгриЗаМлади #Плазма #ДУФКМетодиМитевскиБрицо #СпортскиДух #ЗдравЖивот